Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков одговарајќи на новинарско прашање истакна дека Јавното обвинителство за 18 дена на распит ги викнале само роднините на загинатите и ниту едно од одговорните лица.
Лефков потенцира дека „тоа не е однесување само на ЈО, тоа го видовме и во Собрание кога одби да разговара на оваа тема“.
– Ако внимателно ја проследите изјавата на ЈО за модуларната болница во Тетово ќе видите дека денеска 18 денови по страотната трагедија на распит во ЈО биле повикани само роднините на починатите, односно лица кои се блиски до нивните семејства. 18 денови подоцна ЈО наместо истрага во која ќе бидат повикувани одговорни лица, функционерите кои се одговорни за набавка, за изградба, одговорни за сите аспекти за безбедноста на објектот, тие ги повикуваат само роднините на починатите, рече Лефков.