Лефков: Пендаровски живее во Македонија само затоа што е претседател и ги има сите привилегии кои му ги дава функцијата

од Nikola Popovski
318 прегледи

Стево Пендаровски призна дека ситуацијата во државата е толку лоша што и тој размислувал да се исели, и доколку не би бил претседател тоа и би го сторил, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков по повод повторната кандидатура на шефот на државата.

Лефков потсети на изјавата на Пендаровски дадена пред нешто повеќе од 4 години.

-Стево Пендаровски живее во Македонија само затоа што е претседател и ги има сите привилегии кои му ги дава функцијата. И додека тој е претседател, а СДС и ДУИ власт, се повеќе граѓани ја напуштија Македонија, затоа што тука живеат на работ на сиромаштија. Со оваа изјава Пендаровски потврди дека во Македонија со СДС и ДУИ нема услови за живот за граѓаните и оние кои не се на функции поставени од власта. Оваа изјава на Пендаровски ја отсликува тажната реалност која ја живеат граѓаните секој ден, и кои секојдневно се борат со оваа власт која го накалеми на позицијата претседател, кажа пратеникот.

Пендаровски денеска ја официјализираше кандидатурата за вториот претседателски мандат и ги повика граѓаните да го поддржат. Пендаровски на прес-конференцијата потврди дека ќе се кандидира за уште еден мандат за претседател и додаде дека добил поддршка од многумина кои го познаваат и кои не го познаваат.

Заблагодарувајќи им се на сите кои, како што рече, имаа доверба во него, Пендаровски рече дека очекува СДСМ во недела да ја официјализира поддршката за неговата кандидатура.

Тој посочи дека Рамковниот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија се од корист за државата и граѓаните.

-Договорот со Бугарија не беше оспоруван три години, но стана проблем кога Бугарија под притисок на старата комунистичка гарда почна да измислува причини за блокадата… Тези дека некој ќе ја смени рамката за преговори и ќе направи подобар договор со ЕУ е политичка фатаморгана, рече Пендаровски,.

Слични содржини