Лефков со поддршка за Пандов откако му беше запалена викендицата: „Борбата за правда скапо се плаќа ама ќе издржиме“

од Nikola Popovski
38 прегледи

Ова е потсетник дека во Македонија, борбата против криминалот не е само правна туку е и лична и опасна – вака објави пратеникот Миле Лефков кој излезе со поддршка за директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов чија викендица била запалена.

Лефков порачува дека „ќе се издржи во борбата“.

-Од лични дискредитации, клевети омаловажувања до животно загрозувачки напади-борбата за правда скапо се плаќа ама ќе издржиме. Поддршка, стои во објавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера беше објавено дека е запалена викенд-куќата на Пандов во скопското село Орешани. На снимките се гледаат остатоци по пожарот, уништени и пеплосани работи, а тој напиша дека “ова е цената за удирање по мафијата” и дека се сомнева во подметнат пожар.

„Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува. Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“ – посочи директорот на УИС.

Од МВР потврдија дека синоќа во 18:45 часот во СВР Скопје А.П. (54) од Скопје пријавил дека била опожарена неговата викенд-куќа во скопско Орешени. Полицијата, како што наведуваат, презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини