Лефков: Тоа што се одложуваат изборите е на штета на сите граѓани

од Stefanija Kuzmanovska
139 прегледи

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во неговото денешно гостување во „Утрински печат” зборуваше за одржување на предвремени парламентарни избори и потенцираше дека кога и да се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има историски најголема победа до сега.

„Од она што го гледаме еве и од последната анкета на ИРИ и од она што го гледаме по теренот, ние како политичари мораме да имаме редовни средби со граѓаните, поради начинот на работењето и владеењето на ДУИ и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа која што би рекол историски најголема победа. СДСМ после ова ќе замине во историјата“, рече Лефков.

Пратеникот Лефков во текот на своето гостување укажа на пример од источниот регион каде потенцираше дека земјоделците од овој дел се целосно понижени.

„Јас доаѓам од истокот, земјоделците се целосно понижени. Ќе ве потсетам кога стануваше збор за замрзнување на цените. Прво што беше замрзнато беше цената на оризот иако една многу значајна култура за целиот исток, нашите предлози да стане стратешка култура, владата тоа експресно го одби, ни достави едно мислење од Артан Груби од влада во кој што Артан Груби кажува дека не треба да биде стратешка култура. Ќе ве потсетам цел свет има закана од прехранбена криза, така да од владата слушавме само декларативни заложби дека ќе се избореле со недостатоците на храна. Ова ми беше еден пример од истокот да ви кажам дека има огромно незадоволство, да ја казни оваа влада и нивното работење“, кажа тој.

Пратеникот Лефков на крај порача дека тоа што се одложуваат изборите е на штета на сите граѓани кои живеат во Македонија.

„И затоа ве уверувам дека ќе има голема победа на следните избори и тоа што се одложуваат е на штета на сите кои што живееме во Македонија“, наведе Лефков.

Слични содржини