Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, вчера гостуваше во емисијата „Патот кон“ каде даде коментар во врска со пресудата во случајот „Талир 2“, за запленување на партиското седиште. Според пратеникот, станува збор за „обид за замолчување на опозицијата“ и дека сето ова укажувало на „политчки монтиран случај“.
„Сведоци сме каква политичка пресуда донесе судот кога одлучи да се заплени партиското седиште и дел од партискиот имот. Невиден преседан во една демократска земја, односно на судење на физички лица да правите заплена на ваков имот кој е стекнуван со години и не може да биде третиран како имот на Груевски или на генералниот секретар Божиновски. Самата заплена укажува на политички монтиран процес којшто има само една цел, а тоа е да се замолчи опозицијата“, рече Лефков.
Пратеникот додаде и дека коминукацијата помеѓу власта и опозицијата се потполно нарушени и оти дијалогот се сведува единствено на обиди за дискредитација на опозициската партија.