Можеби е тешко да се каже дека Интер доживеа неуспех оваа сезона, бидејќи до последното коло беа во игра за Скудетото и играа во финалето на Лигата на шампионите, но фактот дека познатиот италијански клуб остана без ништо предизвика разочарување во Милано.
Веднаш по тешкиот пораз од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, Симоне Инзаги наговести дека натпреварот во Минхен може да биде неговиот последен на клупата на Интер. Токму тоа се случи. Инзаги и Интер се разделија, а братот на познатиот Пипо замина во саудиски Ал Хилал за огромна сума пари.
Сепак, ниту Интер не чекаше да најде ново решение. Новиот тренер на миланскиот клуб е Сеск Фабрегас, кој ги договори личните услови со Интер и само чека официјално соопштение. Легендарниот шпански репрезентативец и поранешна ѕвезда на Арсенал, Барса и Челси, ја помина последната година од својата играчка кариера во Комо, а потоа ја започна својата тренерска кариера во тој италијански прволигаш.
Тој одлично си ја заврши работата во првата сезона и стана вистински хит тренер.