Легенда на Барса: Нејмар не го почитува противникот, подобро што си замина

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави не ја криеше неговата огорченост од пројавата на ароганција од неговиот поранешен соиграч Нејмар. Бразилецот се исмеја со ривал за време на натпреварот против Рен за Лига Купот во Франција, освоен од Пари Сен Жермен со 3:2. Откако доби жолт картон за прекршок против Амари Траоре, напаѓачот тргна да му подаде рака на прротивничкиот фудбалер, но потоа ја повлече во последен момент и иронично се насмеа.

Делото на Нејмар му остави на Чави лош впечаток и јавно го критикуваше.

„Многу сум разочаран од Нејмар. Се надевам со текот на времето тој ќе се научи да ги почитува противниците. Во Барселона не можевме да го научиме на ова и можеби беше подобро за сите дека си замина. Ваквото однесување ги претвора големите играчи во ништожни“, изјави ветеранот кој во моментов игра во Катар.

„Тоа беше навистина грозно. Шампион како Нејмар е должен да пројавува повеќе почит кон противничките играчи“, коментираше пред „Екип“ пак дефанзивецот на Монако, Андреа Раџи.

Слични содржини