Легенда на Ливерпул: „Дајте му на Салах сè што ќе посака, ве молам“

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Сагата околу Мохамед Салах и неговиот нов договор со Ливерпул трае веќе неколку месеци, а сега свое мислење за целата ситуација даде и Роби Фаулер, поранешен играч и легенда на „црвените“.

До крајот на сезоната остануваат нешто помалку од два месеци, а двајца важни играчи на Ливерпул немаат нови договори. Секако, мислиме на Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк.

Имаше долги преговори, долги дебати за тоа што ќе се случи на крајот, а Фаулер е сигурен во едно: „Би му дал на Салах што сака врз основа на она што го покажа. За да потпишете со кој било друг играч ќе бидат потребни многу пари. Зошто да не ги дадете сите тие пари на некој кој веќе покажал сè, како што направил Салах? Ве молам, дајте му што сака и тоа е тоа“.

И покрај тоа што беше елиминиран од Лигата на шампионите, Ливерпул може и треба на крајот да ја окарактеризира оваа сезона како многу успешна. Премиер лигата практично е во нивни раце по заминувањето на Јирген Клоп. Никој не веруваше дека вакво нешто ќе се случи во првата сезона на Арне Слот, но изгледа дека ќе се случи.

„Ако му кажете на некој навивач дека оваа сезона ќе биде вака, дека тимот ќе заврши на првото место во Лигата на шампионите, дека ќе стигне до финалето на Купот и дека ќе ја освојат Премиер лигата, што би помислиле? Одговорот е јасен – навивачите на Ливерпул ја сакаат титулата во Премиер лигата. Многумина ја пропуштија прославата минатиот пат кога навивачите не беа на стадионот поради коронавирусот. Сега освојувањето на титулата би ја отстранило целата негативност“, истакна Роби Фаулер.

Слични содржини