Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер повторно се изрази критички кон трансферот на Филипе Кутињо во Барселона минатиот месец. Како што е познато, договорот е вреден 160 милиони евра, а во касата на Ливерпул веднаш влегоа 120 милиони евра.
„Не се согласувам со тоа дека требаше да го изгубиме по средината на сезоната. Во тоа време Ливерпул беше во игра за ФА Купот и се уште е во Лигата на Шампионите. Навивачите на Ливерпул се почувствуваа добро кога тој остана во текот на летото, иако бевме свесни дека на крајот на сезоната ќе си замине“, прокоментира Карагер пред „Скај Спортс“.
„Но Кутињо не е толку добар. И не чини 140 милиони евра. Би сакал да земевме помалку пари, но да остане до крајот на сезоната, а потоа да го продадеме во текот на летото. Зимскиот преоден рок не може да биде определен за успешен, бидејќи го изгубивме најдобриот играч“, додаде Џејми.