Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин ја продолжи својата војна на зборови со Ерлинг Халанд, велејќи дека норвешкиот напаѓач се однесува како „разгалено детиште“.
Норвежанецот постигна четири гола во успехот на Манчестер Сити против Волвс во саботата, но беше повлечен од Пеп Гвардиола во 81. минута, што не му се допадна.
Халанд потоа рече дека не му е грижа за мислењето на Кин, кој рече дека неговата игра доликува на фудбалер од Лига 2.
„Видовме дека Халанд не беше многу среќен кога беше заменет. Се однесува како разгалено детиште. Но, бидејќи го добија натпреварот и постигнаа многу голови, тој беше „заташкано“, изјави Кин.
Тој имаше долгогодишна расправија со таткото на Халанд, Алф Инге и му ја скрати кариерата со брутална повреда во 2001 година.