Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Гути изјави дека „Златната топка“ повеќе не го носи потребниот престиж.
Наградата ја освои играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри. Актуелниот европски клупски шампион, крилниот напаѓач Винисиус заврши на второто место во гласањето.
„Оваа „Златна топка“ нема никаков престиж и никакво значење. Кажете ми точно на кои критериуми се заснова ова гласање. Првпат гледам добитник на „Златната топка“ кој не е вклучен во симболичните тимови на Англиското првенство и Лигата на шампионите. Тоа навистина зборува многу. Драго ми е што наградата му беше доделена на Родри. Наградата овој пат не беше заслужена, но тој ја заслужи минатата сезона (кога Манчестер Сити ја освои тројната круна)“, изјави Гути во вторникот за шпанските медиуми.
Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид смета дека наградата требало да ја добијат или Винисиус или Даниел Карвахал.