Легенда на Реал за Чави: Со лиценца од Катар и натпревари пред 300 луѓе…

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез во емисијата „El Chiringuito“ отворено го исмејуваше тренерот на Барселона, Чави Ернандез. Според Гути, Чави не е слаб тренер, но имало подобри избори од него за клупата на Барса.

„Стилот кој го имаше Чави како играч и играчите кои ги има на располагање е нешто неспоредливо. Голем тренер е оној кој може прецизно да ги искористи квалитетите на играчите што ги има. Чави не беше подготвен да дојде во Барселона. Кога ќе добиеш лиценца во Катар и ќе тренираш таму за натпревар пред 300 луѓе… Не е исто како да седиш на клупата на Барселона“.

„Има луѓе кои се поподготвени, а има и такви кои треба да работат во други клубови за да стекнат искуство и да заминат во поголем клуб, без разлика дали е Чави или кој било друг тренер. За мене Чави е добар тренер за Барса и за кој било друг тим, но мислам дека сака да го скрие она што не му оди со коментари за судиите. Полесно му е да каже дека судиите свират за Реал Мадрид отколку да си признае дека тимот не игра добро на нивото на кое тој сака“, изјави Гути.

Слични содржини