Никола Пјетранџели, славниот италијански поранешен тенисер, одлучи да го коментира поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен.
Да потсетиме, Русинот Данил Медведев беше подобар, и тоа ја уништи шансата на Србинот да стане првиот тенисер по 1969 година и Род Лејвер, кој ги освоил сите четири Гренд слем турнири истата година.
– Кон крајот на 50 -тите и почетокот на 60 -тите години на минатиот век освоив 44 турнири, од кои четири пати Ролан Гарос – двапати во индивидуална конкуренција и двапати во двојки. Најдобрите играчи од тој период ме почитуваа, сите бевме пријатели. Игравме тенис, се забавувавме, игравме за да ја забавуваме публиката … Денес, играчите не ги интересира публиката, тие играат само за пари. Секоја топка им вреди неколку илјади долари. Со освојување на Ролан Гарос, не можев ни да купам стан, а денес тенисерите добиваат два и пол милиони долари за Гренд слем. Ѓоковиќ има 500 милиони долари во банка, а потоа излегува на теренот и игра такво финале под стрес. Дали се шегувате? – луто искоментира Италијанецот и додаде:
„Од што се под стрес? Од броење пари? Кога слушам дека се депресивни, полудувам“.
Покрај тоа, италијанската легенда не се сомнева кој според него е најголемиот тенисер на сите времиња – Роџер Федерер, Рафаел Надал или Новак.
– Кој од трите е најголем? За мене тоа е Федерер, тој како да не е од оваа планета, заврши Пјетранџели.