Гластонбери е еден од најголемите музички фестивали со речиси половина век традиција, но оваа година ќе биде одложен, на големо жалење на верната публика.
Фестивалот беше закажан за јуни 2020 во Сомерсет, а требаше да настапат Пол Мекартни, Кендрик Ламар и Тејлор Свифт.
„Ваков потег не сакавме поради тоа што е 50-годишнина на фестивалот, но ова беше единствената опција“, изјавиле организаторите Мајкл и Емили Ивс.
Депозит за влезници уплатиле над 135.000 луѓе и тие сега имаат загарантирана прилика да обезбедат карти за Гластонбери 2021.
„Откажувањето ни падна тешко особено што организацијата традиционално се сведува на доброволци кои вредно работат за целиот фестивал да биде возможен. Ќе има финансиски потешкотии, но во оваа ситуација здравјето е многу поважно“, додале Ивс.