Олимпијакос го декласираше ПАОК во големото дерби од грчкиот шампионат, беше 3-0 за црвено-белите, кои ја потврдија својата доминација со овој триумф и оваа сезона, со што се зацврстија на лидерската позиција со дури 12 бода повеќе од второпласираниот Арис.
Натпреварот во Пиреја, освен поради победата на домашниот тим, во Грција предизвика големо внимание и поради потезите на искусниот фудбалер на Олимпијакос, легенда на клубот и миленик на навивачите Аврам Пападопулос, кој пред мечот малку „си играше“ на плексигласот на клупата и пишуваше провокативни пораки за гостите.
Поради студеното време и влажноста, едната страна од резервниот бокс одлично му служеше како табла за цртање, на која тој напиша „-15“ уште пред почетокот на мечот, како алузија на бодовната разлика меѓу двата тима, а потоа на истото место нацрта и пенис.
Секако, камерите ја уловија неговата „креативност“, па Пападопулос веднаш стана хит во дербито и вонредното фудбалско коло во Грција.
Με τις υγείες σας!!!#OLYPAOK pic.twitter.com/HdzVLr0K60
— Μπλεκ (@Grande_Blek_74) January 27, 2021