Легенди на Рома со среден прст кон амблемот на Ливерпул

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Часови пред полуфиналето на Лигата на Шампионите меѓу Ливерпул и Рома се разигра скандал во кој се вклучија легендите на „волците“ Бруно Конти и Роберто Пруцо.
 
Во медиумите се појави фотографија, на која двајцата покажуваат среден прст пред англискиот амблем на стадионот „Енфилд“.
 
На крајот, Конти и Пруцо се извиниле, оправдувајќи дека моментот бил личен и фотографијата не требало да стане јавна.
 
„Тоа беше личен момент, но тој стана јавен домен и морам да се извинам за непристојниот гест. Никогаш не сум си дозволил да навредувам клуб, вклучувајќи голем клуб како Ливерпул. Отсекогаш сум чувствувал почит кон противникот и ова не треба да се доведува во прашање“, изјави Бруно Конти за АНСА.

Поранешното крило е меѓу најголемите легенди на италијанскиот фудбал. Интересно, Конти е еден од оние кои пропуштија пенал во финалето на КЕШ против тимот од Мерсисајд во 1984 година.
 
Светскиот шампион од 1982 е меѓу идолите на навивачите од Јужната трибина, кои го нарекуваат „градоначалникот на Рим“.
 
Пруцо е еден од најголемите голмани во историјата на „џалоросите“ и е исто така дел од тимот кој ја загуби европската титула пред 24 години.

Слични содржини