Легитимно е да се протестира, но платите се зголемени во сите сектори – некаде и до 100%, рече Тренчевска за денешните протести

од Nikola Popovski
284 прегледи

Во земја каде што владее демократијата и слободата, можете да видите протести на улици. Заборавено е она време кога во државата никој не смееше да протестира и никој пат нема да се врати. Легитимно е да се протестира, но легитимно е да ја информираме јавноста дека го потпишавме новиот Општ колективен договор, каде што членка е и УПОЗ, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска запрашана за денешниот протест на судската администрација, вработените во Фондот за здравствено осигурување, вработените кај Народниот правобранител.

Таа истакна дека со новиот Општ колективен договор платите во септември на сите вработени во јавниот сектор ги зголемивме 10 отсто, има предвидено зголемување за во септември 2024 година и од март 2025 година да може да се воспоставив новата методологија, којашто ќе биде со коефициенти помнежени со просечна плата и тоа е договорот, којшто после 16-17 години го склучиле со Сојузот на синдикати, како репрезентативен синдикат.

-Да не заборавиме дека во минатото и во судството, полиција, здравство и цела администрација, беа покачени платите на неколку наврати во најмалку 10%. Легитимно е да се протестира, но во споредба со платите до 2017 година, во некои сектори платите се зголемени и за 80 отсто, а некаде и до 100 отсто, кажа Тренчевска при посетата на општина Кавадарци.

Слични содржини