Лејди Гага му го вратила вереничкиот прстен на Тејлор Кини

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Лејди Гага му го вратила вереничкиот прстен назад на екс свршеникот Тејлор Кини пред да објави дека има нов маж во својот живот.

Поп-ѕвездата се раздели минатата година во јули со актерот од серијата “Пожарникарите од Чикаго”, по петгодишна врска и едногодишна свршувачка.

Во моментов таа излегува со пронаоѓачот на таленти Кристијан Кери. Лејди Гага сепак се однесувала фер спрема Кини и одлучила да не го задржува дијамантскиот накит во облик на срце, дело на Лорен Шварц.

30-годишната пејачка, чие вистинско име е Стефани Германота, му го дала прстенот на Тејлор малку по празниците.

Тејлор ѝ предложи брак со овој прекрасен дијамант на  “Свети Валентин” во 2015-та. По разделбата со Кини Лејди Гага посочи дека таа го сакала многу повеќе отколку тој неа и дека била во заблуда дека двајцата се сродни души.

Што се однесува до новото нејзино момче Кристијан, за него се знае дека е на 48 години и дека работи како Сајмон на различни ѕвезди.

Фото: dailymail.com