Многу светски sвезди го најдоа патот до евровизиската сцена. Прво Џастин Тимберлејк во 2016 година, а потоа и Мадона во 2019 година. Новите гласини на социјалните мрежи сугерираат дека Лејди Гага би можела да настапи на овогодинешната Евровизија во Ротердам.
Сепак, фановите за брзо време останале разочарани. Организаторите потврдија дека станува збор само за неосновани гласини.
Сијет Бакер, еден од извршните продуценти на најпопуларниот музичко натпреварување во Европа, рече дека не е запознаен со ваквите информации. Тој одговори на еден од коментарите на Твитер, во кој се наведува – „Не знаеме дека таа годинава ќе настапи на Евровизија“.
Lady Gaga? #Eurovision2021 pic.twitter.com/9iowwSCqRf
— Esma Jansen (@EsmaJansen) April 24, 2021
Според американските медиуми, Гугл ја направил конфузијата.
На Гугл пишува дека Лејди Гага ќе одржи настап на 22 мај 2021 година во Ротердам, точно на големото финале на Евровизија. Фановите веруваат дека грешката е направена поради промена на датумите на нејзините концертни турнеи поради коронавирусот.
According to Gaga’s google page, #LadyGaga will perform at the #Eurovision 2021 on the 22nd May. pic.twitter.com/LsnGEiPAAv
— ⚔️ GAGAFLIX ⚔️ (@Gagaflix) April 24, 2021