Лејди Гага повторно со нов имиџ за улога

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Лејди Гага се покажа со нов имиџ, што предизвика повеќенасочни коментари. Екстравагантната пејачка се појави со сосема нова фризура и веќе е со портокалова коса.

Ексцентричната ѕвезда поминува во моментов доста време со актерот Бредли Купер. Всушност причината за неговото друштво, како и новата фризура се дел од новиот филм во кој учествува “Се роди ѕвезда”.

Заплетот е за холивудска ѕвезда која изгрева со помош наостарен музичар алкохоличар.

Филмот е режисерско деби на Бредли, затоа тој помина толку многу време на сетот, наместо да е со неговата сопруга Ирина Шејк и малата  ќеркичка. Лејди Гага се однесува кон својата работа со сериозност.

Според извор на весникот, пејачката е блиска до ликот по дух и со задоволство го глуми на екранот.