Лејди Гага се налути: Не сакам да ме споредуваат со Мадона

од desk2
132 прегледи

Промовирајќи го нејзиниот нов албум, во неодамнешно интервју Лејди Гага беше споредена со Мадона, од страна на новинарот Зејн Лоу.

lady-gaga-zane-lowe-beats-1-radio-2016-billboard-1548_0

Таа имаше многу директен, еднозначен одговор:

“Мадона и јас сме многу раzлични, јас не би направила таква споредба воопшто. Јас ја почитувам Мадона, таа е фина дама и таа има огромна, фантастична кариера. Таа е најголемата поп-ѕвезда на сите времиња. Но јас свирам на многу инструменти. Сама си ја пишувам мојата музика. Поминувам голем број на часови од денот во студиото. Јас сум продуцент. Јас сум писател. Она што јас го правам е различно.”

Се од почетокот на нејзината кариера, Гага се соочува со обиди на поттикнување на конфликти помеѓу двете поп-ѕвезди.

madonna-rebel-heart-tour-dvd-preview

Минатата година Мадона изјави:

“Живееме во свет каде луѓето сакаат да ги набедуваат жените една против друга. Затоа мене ми се допаѓа идејата да ги прифатам другите жени кои го прават она што јас го правам. Важно е да се поддржуваме една со друга”.