Американската пејачка Лејди Гага моментално е во Рим каде снима сцени за новиот филм на Ридли Скот „Гучи“ за познатото убиство на Маурицио Гучи, што го испланирала неговата сопруга Патриша.
Новиот филм на Ридли Скот ќе се занимава со тоа како Патриша Реџани го испланирала убиството на нејзиниот поранешен сопруг Маурицио Гучи, внука на основачот на модниот бренд „Гучи“, кој ќе го игра оскаровецот Адам Драјвер.
Маурицио Гучи имал две ќерки со Патриша, но тој ја оставил за друга жена. Патриша имала операција на тумор на мозок, а ќерките тврдат дека тоа е причината за нејзините постапки. Медиумите ја претставуваа како ладнокрвна „црна вдовица“ во текот на целата афера. На судењето, таа најпрво беше осудена на 29 години затвор, a одлежа 18 години.
Приказната за убиството на Гучи ја напиша Роберто Бентивежа, базирана на книгата на Сара Гак Форден „Куќата на Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“.
Како и обично, Ридли Скот работи со првата актерска лига, па тимот во филмот „Гучи“ ветува. Џереми Ајронс, Џаред Лето, Ал Пачино … се само некои од познатите имиња што ќе се најдат заедно со Лејди Гага и Адам Драјвер.
Првично беше планирано улогата на Рудолф Гучи (таткото на Морис) да му биде доверена на Роберт де Ниро, но на крајот му припадна на Џереми Ајронс. Исто така, Анџелина Џоли требаше да биде дел од филмската екипа, но се чини дека преговорите пропаднале. На крајот, Лејди Гага ја доби улогата на најпозната италијанска црна вдовица.
По номинацијата за улогата и Оскар во филмот „Sвездата е родена“, пејачката го потврдува својот талент за глума во друга супер продукција. Гага беше фотографирана во Рим, со црна маска и фустан со леопард принт што го носеше на снимањето.
Не е невообичаено што компанијата МГМ планира филмот на Ридли Скот да се прикаже во 2021 година, имајќи предвид дека поминаа 100 години од основањето на брендот Гучио Гучи.
Бидејќи никој не може точно да предвиди кога ќе се појави филмот поради пандемијата, датумите на продукцијата се веќе утврдени. Според последните информации обезбедени од студијата, снимањето треба да се случи во март и април 2021 година помеѓу Милано и Фиренца, родното место на италијанската модна куќа.