Нина Хсије беше првата жена што стана главен фитнес-тренер на шампионска екипа пред една година, а инаку работи за Л.А. Лејкерс од 2010 година.
Сепак, „езерџиите“ немаа успешна сезона – тие беа елиминирани во првото коло од плејофот, а беа поразени доста убедливо од Феникс Санс. Една од клучните причини за тоа се повредите, поради кои Лејкерси беа многу слаби во втората половина од регуларниот дел од сезоната.
Ентони Дејвис (препони), Кентевиус Колдвел-Поуп (лево колено), Алекс Карузо (скочен зглоб), Леброн Џејмс (десен скочен зголб) и други беа повредени. Двете најголеми sвезди, Џејмс и Дејвис, пропуштија вкупно 66 натпревари во регуларниот дел од сезоната.
Крајот на сезоната започна само два месеци по крајот на последната серија од плејофот за сезоната 2019/2020 во „меурот“ во Орландо.
Многу повреди беа видени во плејофот, а натпревари пропуштија многу Ол-стар играчи: Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Џамал Мареј, Мајкл Конли, Џејлен Браун, Донован Мичел, Крис Пол, Џоел Ембид и Леброн Џејмс.