Лејкерси доминираат во НБА – Леброн испиша историја

од Nikola Popovski
30 прегледи

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 136:115 и стигна до седмата последователна победа. Натпреварот го одбележа играчот на Лејкерс, Леброн Џејмс, кој стана првиот играч во историјата на лигата кој постигнал 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и плејофот.

Во својата 22-ра сезона во НБА, тој влезе во мечот со 49.999 поени, а натпреварот го заврши со 34 поени, осум скока и шест асистенции. По него следува легендарниот играч на Лејкерс, Карим Абдул-Џабар, кој постигна 44.149 поени во 20 сезони во регуларниот дел и плејофот.

Во синоќешната победа придонесоа Лука Дочиќ со 30 поени, 15 асистенции и осум скока, Џексон Хејс со 19 поени и 10 скока  и Џеред Вандербилт со 12 поени и 8 скока.

Серијата од седум победи е најдолгата серија на Лејкерси во последните четири години, а тимот победи на 17 од последните 20 натпревари и се искачи на второто место во Западната конференција со скор 39-21.

За тимот на Њу Орлеанс, Зион Вилијамсон постигна 37 поени, со шест асистенции и четири скока, Треј Марфи додаде 19 поени, шест скока и пет асистенции, а Џордан Хокинс постигна 17 поени.

Слични содржини