Лејкерси донесоа бизарна одлука за кариерата на Брони Џејмс

од Nikola Popovski
40 прегледи

Брони Џејмс, 20-годишниот син на Леброн Џејмс, најдобриот стрелец во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот и за многумина најдобар кошаркар на сите времиња, доби привилегиран статус на Саут Беј Лејкерс, екипа која се натпреварува во американската развојна „Џи“ лига.

Лејкерси му ја исполнија големата желба на својот лидер Леброн и го драфтуваа неговиот најстар син како 55-ти на драфтот оваа година. Брзо беше потврдено дека Брони се уште не е подготвен за тоа ниво на натпреварување, а по пет натпревари во НБА лигата, само 13 минути игра и вкупно четири коша, беше испратен во „Џи“ лигата. Сепак, прашање е колку ќе се развива таму за да ја достигне вредноста на играч достоен за НБА бидејќи Саут Беј Лејкерс му донесоа бизарно решение за неговата кариера.

Американските и светските медиуми пишуваат за непотизам откако беше одлучено Брони да не игра за својот нов тим на гостински терен, туку само на оние во кои клубот ќе биде домаќин. Таа привилегија го издигнува над соиграчите и фрла нова негатива врз Лејкерси.

Покрај тоа, Лејкерси му дадоа 7,9 милиони долари и четиригодишен договор, што не е вообичаено за играчи кои биле избрани толку ниско на драфтот.  Имево, тој на својот прв натпревар во развојната лига учествуваше со шест поени, три скока, четири асистенции, блокада и две украдени топки. За тројка имал статистика 0/4 од поле, а вкупно 2/9. Имал и пет изгубени топки.

Слични содржини