Лејкерси го обезбедија првото место во плеј-офот

од Vladimir Zorba

Лос Анџелес Лејкерс го обезбедија првото место во плеј-офот во Западната конференција со победа од 116:108 над Јута џез, предводени од Ентони Дејвис со 42 поени и 12 скокови.

Леброн Џејмс додаде 22 поени и девет асистенции, а Двајт Хауард 11 поени.

Кај „џезерите“, најдобар беше Донован Мичел со 33 коша, од кои 21 во првото полувреме.
Филаделфија 76-ерс го надиграа Сан Антонио Спарс со 132-130, а нивната победа ја обезбеди Шејк Милтон со три поени на 7,2 секунди пред крајот. Џоел Ембиид беше најдобар стрелец на Сиксерс со 27 поени и девет скока. Тобајас Харис постигна 25, а Џош Ричардсон 19.

Демар Дерозан беше најефикасен во редовите на Спарси со 30 поени, Руди Геј додаде 24, а Дерик Вајт 20.

По продолжение, Денвер Нагетс славеше со 121:113 против Оклахома Сити Тандер, а Никола Јокиќ постигна 30 поени, од кои осум во последниот дел од играта. Најдобар стрелец за Нагетс беше Мајкл Портер Џуниор со 37 коша.

Торонто Рапторс го совлада Мајами Хит со 107: 104, најмногу благодарение на Фред ВанФлит, кој постигна 36 поени. Кај Мајами најдобар беше Словенецот Горан Драгиќ со 25 поени.

Њу Орлеанс Пеликанс го совладаа Мемфис Гризлис 109:99, а дебитантот Зајон Вилијамсон постигна 23 поени. Брендон Инграм ги предводеше „пеликаните“ со 24 поени.

Индијана Пејсерси беа 111-100 подобри од волшебниците од Вашингтон.

Слични содржини