Лејкерси го вратија легендарниот Андре Инграм (ВИДЕО)

од Vlatko K
126 прегледи

Лос Анџелес Лејкерс официјално го објавија привлекувањето на Андре Инграм на 10-дневен
договор. 33-годишниот бек по втор пат ќе го облече дресот на „езерџиите“, откако минатата сезона
дебитираше во НБА на 32-годишна возраст, а неговата приказна стана омилена дури и на
неутралните фанови. Во текот на една деценија, тој претежно настапуваше во Лигата за развој и за
кратко во Австралија.

191-сантиметри високиот стрелец е бр.1 во историјата на „втората лига“ на НБА по постигнати
тројки и одиграни натпревари, а освен тоа е петти на вечната листа на реализатори. Во двата
натпревари кои ги одигра за Ел Еј на крајот на сезоната 2017/2018, Инграм запиша по 12,0 поени,
3,0 скока, 3,5 асистенции, 1,5 одземени топки и 1.5 блока при 55.6% успешност во шутот од
далечина.