Лејкерси најдоа тренер на Универзитетот во Конектикат

од Vladimir Zorba
2,5K прегледи

Првиот човек кој одбрани титула за време на мартовското лудило по 2007 година и триумфот на Били Донован со Стејт Флорида се подготвува за најголемиот предизвик во неговата тренерска кариера.

НБА го повикува Ден Харли, архитектот на шампионската генерација кошаркари на Универзитетот во Конектикат, кој ја одбрани шампионската титула во NCAA победувајќи го Пердју во финалето оваа сезона.

Според информациите на американската ТВ мрежа ESPN, Харли е главен фаворит за испразнетото место тренер на Лос Анџелес Лејкерс, што претходните недели му се припишуваше на поранешниот кошаркар и популарен поtкастер Џеј Џеј Редик.

Сепак, претседателката на Лејкерс, Џени Бас и генералниот менаџер на познатата франшиза Роб Пелинка се свртеа кон решение кое дефинитивно има повеќе смисла и се однесува на соработката со човек кој, меѓу другото, во колеџ конкуренцијата се покажа како авторитет на тим полн со талент и идни НБА ѕвезди.

Ова е еден од квалитетите кои го препорачуваат за сериозен предизвик – работа со Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и остатокот од тимот, кој од титулата во „балонот“ во 2020 година бележи резултати далеку под реномето на франшизата и очекувањата на фановите и јавноста.

„ЕСПН“ објави дека Харли во петок ќе отпатува за Калифорнија и ќе го има својот прв состанок со највисокото раководство на Лејкерс за да разговара за финансиските детали од договорот, бидејќи се друго е наводно договорено.

Извесно е дека по Пол Сајлас, Брендан Мелоун, Мајк Браун, Ерик Споелстра, Дејвид Блат, Тајрон Лу, Лук Волтон, Френк Фогел и Дарвин Хам, десетти тренер на Џејмс во НБА ќе биде Харли.

Слични содржини