Лејкерси потпишаа со украински центар

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Откако пропадна нивниот трејд за Марк Вилијамс, Лос Анџелес Лејкерс побараа нов центар на пазарот на слободни агенти и го најдоа Алекс Лен – 31-годишен Украинец, висок 213 сантиметри.

Алексеј Лен изминатите три и пол години ги мина во Сакраменто Кингс како трет центар, а оваа сезона на 36 настапи постигна 1,4 поени и 1,8 скока за просечно седум минути игра. На последниот ден од рокот за тргување, „кралевите“ го разменија со Вашингтон Визардс, кои му го раскинаа договорот и му дозволија да потпише за нов клуб за минимална плата.

НБА кариерата на Лен трае 12 сезони, поминати во Феникс, Атланта, Сакраменто, Торонто и Вашингтон, пред да се врати во Кингс во летото 2021 година. На 680 натпревари тој има просек од 6,7 поени и 5,3 скока.

Иако не е големо име, Лен ќе им биде корисен на Лејкерси до крајот на сезоната, откако го загубија својот стартен центар Ентони Дејвис во шокантниот трејд за Лука Дончиќ. Ова целосно ја разоткри нивната претходно тенка ротација под кошевите и тие не можеа да ја закрпат дупката со внесување на Марк Вилијамс од Шарлот, како што се надеваа.

Слични содржини