Лејкерси се засилија со бек од Хјустон

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Американскиот бек Бен Меклемор е нов играч на НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс, потврдија „езерџиите“

Лејкерси постигнаа договор со 28-годишниот дефанзивец и тој ќе игра за актуелниот шампион до крајот на сезоната.

Тој е познат по добриот удар за три поени и по исфрлањето, кој е едно од најубавите во лигата.

Оваа сезона тој одигра 32 натпревари за Хјустон и за 17 минути на паркетот имаше просек од 7,4 поени.

Слични содржини