Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се поразени на домашен терен од Сан Антонио Спарс со резултат 110:138. Тоа беше последниот натпревар одигран во „Стејплс центарот“.
Поранешниот „Стејплс центар“ го менува името во „Крипто.ком арена“, а првиот натпревар кој ќе се игра во „новата“ сала е мечот меѓу Лејкерс и Нетс на 26 декември.
Ова не е прв пат Сан Антонио да ги добие Лејкерси на простување од нивната сала. Спарси го направија истото во 1999 година, кога „езерџиите“ се простија од „Форумот“, а тогаш резултатот беше 118-107 за „мамузите“.
На Лејкерс не им оди најдобро оваа сезона. Резултатите се лоши, а кадровските проблеми само се намалуваат. Во моментов тимот предводен од Леброн Џејмс ја зазема шестата позиција во Западната конференција со ефект од 16 победи и 17 порази, па останува да се види дали промената на името на салата ќе се одрази позитивно на Лејкерси.