185
Најмалку по едно дете умира на секои два часа во суданскиот камп Замзам, еден од најголемите и најстарите кампови за раселени лица во Судан, соопшти денеска добротворната организација Лекари без граници (МСФ).
-Пред да почне конфликтот во април минатата година, луѓето во кампот многу се потпираа на меѓународната поддршка за храна, здравствена заштита, чиста вода и сè друго. Сега тие се речиси целосно напуштени, рече Клер Николет, директорка на Лекари без граници.
Николет побара од меѓународната заедница итен одговор за критичната ситуација во која се најдоа раселените лица во кампот Замзам во Судан.