Лекари земале плата од 12 илјада евра за еден месец, вели Алиу

Нови мерки во здравството – со отпечаток од прст ќе се следи работата на докторите

од Nikola Popovski
51 прегледи Фото: Фејсбук

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска посочи дека во јавното здравство има лекари кои земале плати и повисоки од 10.000 евра. Министерот информира дека се тестира решение како „фингерпринт“ и здравствените работници да се логираат со „check in“ и „check out“.

-Имаме доктори кои што неделно прегледуваат и еден пациент неделно, а имаме и 100 пациенти. И едното и другото не е во ред. Мора да ги следиме и да направиме систем, кој, прво, реално ќе го следиме ние како Министерство и, второ, ќе реагираме навреме, рече министерот.

„Во јавното здравство имаме лекари кои земале и повеќе од 10 илјади евра плата, имаме лекари со плата од 700 илјади денари, а тоа е повеќе од 10 илјади евра, значи 12 илјади евра. Дозвлете административно да го завршиме процесот. Имаме информации. Министерството за здравство ги знае институциите, но дозволете тоа институционално да го решиме, да не биде на прес-конференција“, додаде Алиу.

Министерот вели дека идејата не е да се направи спектакл од здравството туку да го спречи тоа што го има и да се креира систем кој што спречува и во кондиција да може да опслужи.

Слични содржини