Лекарите апелираат на што помасовна вакцинација како единствен начин за намалување на ширењето на вирусот

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Лекарите апелираат на што помасовна вакцинација како единствен начин за намалување на ширењето на вирусот.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат превенција од развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје, велат од Министерство за здравство.

Оттаму вчера информираа дека земјава е лидер во регионот по бројот на граѓани вакцинирани со барем една доза во изминатиот еден ипол месец.

– Во периодот од 5 јули до 24 август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14 отсто, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот и јасно укажува на зголемениот интерес за имунизација кај населението. Во истиот период, веднаш по земјава се Косово со 10,64 отсто, Албанија и Грција со 8,61 отсто и Косово со 8,04 отсто зголемен процент на вакцинирани граѓани со барем една доза од вакцината. Зголемувањето во Босна изнесува 7,95 отсто, додека во Словенија 6,9 отсто, наведоа од Министерството за здравство.

Слични содржини