Лекарите од тимот на Белата куќа добиле СМРТНИ ЗАКАНИ: „Треба да ти го отсечат јазикот“

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Сите лекари од тимот на Белата куќа за одговор на пандемијата на коронавирус во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп добиле смртни закани, изјави координаторката на тимот Дебора Брикс за Си-Ен-Ен.

На почетокот на епидемијата имаше извештаи дека водечкиот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, морал да го засили обезбедувањето поради зголемениот број смртни закани, а д-р Брикс тврди дека сите лекари од тимот добиле такви закани.

Според неа, некои од заканите гласеле: „На земјата ќе ѝ биде подобро ако си мртва“, „Погрешно ја водиш земјата“ и „Треба да ти го отсечат јазикот“.

Брикс додава дека нејзините ќерки исто така добивале закани и дека бројни пораки содржеле и сексуални алузии.

Таа изјави дека на почетокот заканите ги пријавувала на Стејт департментот, но дека подоцна веќе немала време да се занимава со нив.

Слични содржини