Лекарите од Токсикологија ќе дадат предлог за нов медицински директор

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Заменик-министерката за здравство, Маја Манолева денеска остварила средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија.

На средбата било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Според Министерството за здравство, Манолева побарала од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор кој треба да ги исполнува условите согласно законот.

-Претставниците од Клиниката за токсикологија ја информираа заменичката дека во најбрзо време ќе се состанат и ќе достават предлог до Министерството за здравство, соопштија од МЗ.

Засега нема казни или санкции, но Министерството за здравство има ингеренции да постапува доколку валидноста на договорите не е исправна. Вака гласи заклучокот од надзорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат откако вработените на договор на дело на Клиниката за токсикологија добија решенија за работа потпишани само од организациската директорка Бесија Иљази.

Како што денеска неодамна директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, констатирано е фактичка состојба дека по истото решение е постапено заклучно со 15-ти мај, датум кога се потпишани договорите за лицата кои беа спорни во изминатиот период.

-Што се однесува до потпишување на акти на самата Клиника од страна на медицинскиот и организацискиот директор кои што имаат заедничка надлежност, децидно стои во Законот за здравствена заштита дека договори за вработување треба да бидат потпишани од двајцата директори, како и за откази и јавни набавки. Согласно законот, законодавецот не придвидел глоба за оваа проблематика. Ние ќе го испративме предметот до МЗ за да ја провери валидноста на договорите за вработување, рече Младеновска пред дваесетина дена.

Ова беше трета вонредна контрола на Клиниката за токсикологија, откако во оваа здравствена установа се вработени договорците.

И покрај реакциите од вработени дека немаат комуникација со организациската директорка, која ја посочуваат за одговорна за хаосот на Клиниката, министерот Илир Демири не ја разреши Иљази, туку само медицинскиот директор Данил Петровски со образложение дека несовесно работел и омаловажувал вработени по етничка основа.

Слични содржини