Лекарите откриваат кои лица не треба да користи парацетамол

од Берта Китинска

Парацетамолот е еден од најдостапните и најпопуларните лекови против болки кој помага при главоболки, болки во мускулите, а исто така ја намалува и треската. Сепак, лекот не треба да се користи во случај на некои реакции на организмот, пишува „Дејли експрес“.

Доколку кожата пожолте по употреба на парацетамол, неопходно е да се консултирате со лекар, бидејќи тоа е сигнал дека има проблеми со црниот дроб кои би можеле да ја влошат употребата на парацетамол.

Друг проблем може да бидат алергиите.

„Во случај на тешко и нерамномерно дишење задолжително да се консултирате со лекар. „Алергиска реакција на парацетамол може да се појави во форма на осип, проследена со чешање, црвенило, отечени делови од кожата, плускавци и ронлива кожа“, се вели во написот.

Претходно, рускиот лекар Александар Мјасников изјави дека употребата на повеќе од 15 таблети месечно може да доведе до болка, која се манифестира секогаш кога човек користи лек од истата група.

Што ако истече?

„Има многу лекови кои ги задржуваат својствата и по истекот на рокот наведен на пакувањето“, потврдува Јарослав Ашихмин, кардиолог и советник на генералниот директор на Меѓународниот медицински кластер во Сколково.

– Но, не можеме да ги препорачаме, бидејќи има законски прописи и лекарот мора да ги почитува. Таканаречените традиционални лекови, од кои повеќето се добиваат со хемиска синтеза, имаат подолг рок на траење и не се очекуваат никакви проблеми доколку се користат по истекот на рокот. Но, во последните години се појавуваат се повеќе биолошки лекови кои успешно „лечат“ рак, автоимуни и многу други болести. Таквите лекови се помалку стабилни од синтетичките дроги, а условите за складирање се многу важни за нив. Рок на траење на таквите лекови треба да се следи многу строго.

Има видео на интернет каде фармацевтот вели дека ако рокот на парацетамолот е истечен, само треба да се земе дупла доза. Овој совет е крајно опасен, објаснуваат експертите. За да се избегне оштетување на црниот дроб, хепатологот Алексеј Буеров советува никогаш да не се надминува дневната терапевтска доза од 3 g (што е само 3 таблети).

Проблемот е што терапевтските и токсичните дози на парацетамол се многу блиску. Затоа, ако треба да ја намалите температурата или болката, не ја зголемувајте дозата. Користете други лекови со исти својства, но како што е пропишано и додека се уште се „валидни“.

Слични содржини