Лекарите предупредуваат: Овие луѓе не би требало да пијат пиво

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Пивото се добива со нецелосна ферментација на воден екстракт од јачменов слад со додавање на хмељ и се смета за еден од најстарите и најомилените пијалоци во историјата.

Како што објави Eat This Not That, постојат шест групи на луѓе кои не би смееле да пијат пиво или треба да ја намалат неговата консумација во најмала можна мера, а според експертите има оправдани причини за тоа.

Во тие групи спаѓаат:

– оние кои имаат дијабетес или преддијабетес

– луѓе кои се обидуваат да ослабат или имаат прекумерна тежина

– оние кои се чувствителни на глутен

– лица со синдром на иритабилно дебело црево

– луѓе кои имаат заболен или замастен црн дроб.

Како што објаснуваат лекарите, пивото може дополнително да ги влоши постоечките здравствени проблеми.

Без разлика дали припаѓате на некоја од споменатите групи на луѓе, важно е пивото умерено да се консумира, како и сите други алкохолни пијалоци, предупредуваат експертите.

Слични содржини