Лекарите се загрижени: НАВАЛНИ БИ МОЖЕЛ ДА ПОЧИНЕ за неколку дена?

од Nikola Popovski
177 прегледи

Лекарите задолжени за здравјето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални велат дека „би можел да умре за неколку дена“ доколку не му биде укажана соодветна грижа.

Лекарите тврдат, пишува Би-Би-Си, дека неговите последни крвни тестови покажуваат дека тој може да умре од срцев удар или откажување на бубрезите во секој момент.

Навални штрајкува со глад веќе 19 дена, со цел да добие соодветни лекови за акутна болка во грбот и вкочанетост на нозете.

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, вели дека „нема да дозволи Навални да умре во затвор, но дека се однесува како хулиган“. Истакнатиот критичар на Путин заврши во затвор во февруари.

Четворица лекари, вклучувајќи ја и неговата лична докторка, Анастасија Васиљева, ѝ пишале на управата во затворот. Тие бараат дозвола итно да го посетат Навални, а во писмото наведуваат дека нивото на калиум во неговата крв станало критично.

„Ова значи нарушена функција на бубрезите и дека сериозни проблеми со срцето можат да се појават во секое време“, велат тие.

Се наведува дека нивото на калиум во крвта, кое е повисоко од 6,0 mmol на литар обично бара итен третман. Наводно, вредностите на Навални се околу 7,1, според податоците дадени на лекарите од неговите адвокати.

Келин го обвини опозиционерот дека „сака да привлече внимание“, жалејќи се дека „еден ден го боли левата рака, а другиот го боли левата нога“.

„Да се ​​однесуваше нормално, ќе имаше шанса да биде ослободен порано“, рекол тој.

Вашингтон предупреди во неделата дека ќе има последица на Русија ако Навални умре, а министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за случајот на состанок во понеделник.

Навални беше осуден на две и пол години затвор во стар случај поврзан со измама, што тој го отфрла како политички мотивиран.

Слични содржини