
Томас Оксли имал слободен ден кога бил повикан итно да дојде во болницата „Монт Синај“ во Менхетн. Немаше доволно лекари во можност да им помогнат на пациентите кои имаа мозочен удар и им требаше засилување. Оксли беше зачуден од ситуацијата што го чекаше.
Досието на младиот пациент пред него изгледаше совршено уредно – тој не пиеше никаква терапија, немаше хронични состојби. Само ненадејно, додека бил во карантин, забележал дека му се кочи едната страна од неговото тело и не може убаво да зборува. Оксли се зачудил кога пристигна тестот на пациентот – позитивен за КОВИД 19. На мажот подоцна му беше пронајдено огромно згрутчување на крвта во крвен сад во мозокот.
Во следните денови, лекарите забележале зголемен број на пациенти во триесеттите и четириесеттите години, кои добивале мозочни удари, какви што не се гледаат, освен кај пациенти во седумдесеттите години.
„Никогаш не сум го видел тоа порано“
Кога Оксли започна да оперира на пациентот, виде нешто алармантно.
„Додека го лекував местото околу згрутчувањето, видов нови згрутчувања на крвта пред свои очи“, рече докторот за „Вашингтон пост“. Излегува дека тој не бил единствениот што го забележал тоа.
Мозочен удар и КОВИД-19
Коронавирусот е нова болест и сè уште нема цврсти податоци за сите симптоми. Имаше извештај од Вухан во кој се вели дека многу постари пациенти со КОВИД-19 страдале од мозочни удари, но во тоа време се сметало за „клиничка врска за многу искусни луѓе“, рече Шери Чу, професор по неврологија на Универзитетот во Питсбург. После акумулираното искуство на лекарите, три главни медицински центри во Америка започнаа да ја испитуваат врската помеѓу мозочниот удар и коронавирусот.
Знаеме дека КОВИД-19 ги напаѓа белите дробови, но ги оштетува и бубрезите, срцето и до одреден степен скоро сите витални органи.
Постојат повеќе видови на мозочни удари – но се стравува дека коронавирусот го предизвикува најлошото
„Запушувањето на големи крвни садови чие пукање е катастрофално за моторната функција во мозокот се смета за најлош тип на мозочен удар. Помали удари може да се преживеат и на нозе, но овој поголем удар може да биде смртоносен“, објаснуваат лекарите. Кај некои луѓе, идејата е дека како одговор на КОВИД-19, телото почнува да се згрутчува ненадејно, а овие згрутчувања на крвта потоа стануваат запушени во крвните садови на мозокот, што резултира во мозочен удар.
„Мозочниот удар е една од најопасните манифестации на коронавирус кај младите луѓе. Ние се грижевме за пациенти кои имаа мозочен удар во триесеттите години по тестирањето позитивни на КОВИД, што нè изненади многу“, рече Роберт Стивенс, лекар за интензивна нега во болницата „Џонс Хопкинс“ во Балтимор.
„Го прежвуваат вирусот на нозе – и потоа паѓаат мртви“
Универзитетот „Томас Џеферсон“ ја проучувал врската помеѓу мозочниот удар и младите со коронавирусот.
„Повеќето млади луѓе со лесна клиничка слика се добри. Статистиката покажува дека кај возрасната група од 25-34 години, стапката на смртност е 0,8 проценти“, покажа статистиката во Америка. Она што ги загрижува лекарите во „Џонс Хопкинс“, „Томас Џеферсон“ и во болницата „Монт Синај“ е дека е можно младите кои подоцна имале мозочен удар дури и да не се водени како случаи со коронавирус“.
„Мислевме дека е невозможно да се случи мозочен удар, а потоа видовме шема“
Еитан Раз, професор по неврорадиологија на универзитетот „Лангон“ во Њујорк, рече дека новата клиничка слика на пациенти со КОВИД ги принудува научниците да ги преиспитаат ефектите на оваа болест.
„Кога еден човек во шеесеттите години има мозочен удар, мислиме дека тој е млад за вакво нешто. И сега кај нас доаѓаат пациенти во нивните триесетти кои имаат коронавирус. Почнуваме да истражуваме дали младите луѓе се имуни на респираторниот дел од болеста – но тогаш нивното тело реагира со згрутчување на крвта и подоцна со проблеми со срцето и мозочни удари“, изјави д-р Раз за „Вашингтон пост“.
Пациентот на почетокот на овој текст што го третирал д-р Оксли преживеал. Но, за сега
„Успеавме да отстраниме големо згрутчување на крвта, но пациентот сè уште се бори за живот. Тој беше хоспитализиран пред еден месец и неговата состојба сè уште не е стабилна. Тој има четириесет и четири години“, вели Оксли, апелирајќи на луѓето, особено по прележувањето на болеста. да обрнат внимание на своето тело и ако забележат какви било необични симптоми, да побараат лекарска помош.