Лекарката на чие дежурство починаа четири бебиња ќе работи под надзор и со помала плата

од desk2
74 прегледи

Докторката од скопската клиника за гинекологија на чие дежурство починаа четири новороденчиња, а таа не беше на работното место во тој момент, следните шест месеци ќе зема 30 отсто помала плата и ќе работи под надзор на друг специјалист, а ќе и биде одземена и субспецијализацијата за неонатологија.

Oва е одлуката на дисциплинскатa комисија, формирана откако докторката за време на дежурството ја напушти Клиниката и се вратила дури откако и било јавено за случаите.

Oд Комисијата за стручен надзор претходно утврдија дека не се работи за лекарска грешка, но одлуката за дисциплинската мерка доаѓа откако случајот беше објaвен во јавноста./24 Вести