Лекарската комора со реакција: Новинарите да ја почитуваат пресумпцијата на невиност за лекари инволвирани во некој процес

215 прегледи

Почитување на пресупцијата на невиност и избегнување во медиумите да се споменуваат комплетните лични податоци на лекари против кои се води некаква постапка пред надлежни институции, побара денес од новинарите, Лекарската комора.

Како што посочуваат од лекарската комора, овластените институции без влијанија и притисоци си ја завршуваат работата и се осврнуваат на фактите и стручните заклучоци дадени од страна на експерти во одредени области.

Сето она што се пласира во медиумите, односно секое истапување со делумни информации за вонредни надзори или покренати постапки по некои доктори, само носат доза на конфузност и рушење на угледот и достоинството на секој од докторите. Меѓудругото, секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постака е прејудицирање на вината и со право може да се смета дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината, истакнуваат од Лекарската комора.

Инаку, комората го поддржува навременото и објективно, како и аналитичко информирање на јавноста за сите настани, но не по секоја цена и како што велат, не по цена на предвремена осуда на инволвирани во некој процес, со оглед на законски предвиденото право, што наложува дека никој не е виновен се додека не се докаже спротивното.

Токму затоа, Лекарската комора на Република Северна Македонија најосторо реагира на сите постапките на медиумите и новинарите со кои се разрушува угледот и достоинството на докторската професија, стои во соопштението.

Слични содржини