Лекции за животот од Волт Дизни

од Vladimir Zorba
478 прегледи

Волт Дизни е американски филмски продуцент, режисер, артист, сценарист и аниматор. Роден е на 5 декември 1901 година во Чикаго. Уште од раното детство тој се вовлекол во цртањето.d1818969bd38a50cf383ac5471456e54

Кога е едвај четиригодишен, неговото семејство се сели да живее во Марселин, Мисури.
Таму Дизни ја открива убавината на уметноста и почнува да црта, дури продава дел од своите цртежи на соседите. Со анимација започнува да се занимава по завршувањето на Првата светска војна кога заедно со неговиот брат и други аниматори почнуваат да создаваат рекламни анимирани видеа во Холивуд.

Во 1928 година Волт Дизни го создава ликот на омилениот на сите Мики Маус. Во 1937 година се појавува и првиот долгометражен анимиран филм во историјата на киното “Снежана и седумте џуџиња”, а овој филм му ја носи на Дизни и почесната статуетка “Оскар”.

По успехот на “Снежана и седумте џуџиња” компанијата создава уште многу филмови, меѓу кои се “Пинокио”, “Бамби”, “Малата сирена”, “Пепелашка”, “Алиса во земјата на чудата” и многу други. Денес Walt Disney Productions е една од најголемите продукциски компании во светот.

Еден од најуспешните мажи во историјата – Волт Дизни остави зад себе неверојатно богатство од славни филмови. Паралелно со ова, неговите мудри мисли за животот и предизвиците во него не престануваат да нè инспирираат.
Следните редови се за сите кои наоѓаат смисла во креативноста, инспирацијата и во авантурата наречена живот.aabf6b86380220e9920d5ea9c717b9efАко можете да го сонувате, можете и да го направите.
Вистинскиот начин да започнете со нешто е да престанете да зборувате за тоа и да започнете да го правите.
Колку повеќе се сакате себе, толку помалку ќе бидете како другите и токму тоа ќе ве направи уникатни.
На некој начин е забавно да се прави невозможното.
Вие можете да го дизајнирате и создадете, да го изградите најубавото место на светот. Но, се потребни луѓе кои ќе го направат сонот реалност.
Кога верувате во нешто, верувајте во него целосно, безрезервно и без прашања.
Човек никогаш не треба да го занемари семејството заради работата.
Од сите пронајдоци за масовна комуникација, сликите сè уште зборуваат на најпознатиот универзален јазик.
Постои повеќе богатство во книгите отколку во целиот пиратски плен на Островот на богатството.
Сите наши соништа можат да се остварат ако имаме храброст да ги следиме.
Зошто се грижите? Ако го правите она што може да го правите најдобро, срамот нема да го направи подобро.
Јас секогаш сум бил за силната конкуренција во текот на целиот свој живот и не знам како би можел да дојдам толку далеку без неа.
Дизниленд е резултат и дело од љубов. Ние не го направивме Дизниленд само за идејата да се прават пари.