Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц имаа тежок дуел за второто место во првата половина од вчерашната спринтерска трка во Ред Бул Ринг.
Меѓутоа, поради него, светскиот шампион Макс Верстапен успеа да запише предност од над две секунди, што му овозможи да вози под контрола додека не победи на трката на 100 километри.
Според Леклер, тој и Саинц не можат да си дозволат повторување на нивниот дуел на денешната трка за Големата награда на Австрија, доколку сакаат да имаат какви било шанси да го предизвикаат Верстапен за победа.
Charles and Carlos battling hard for P2 ⚔️#AustrianGP #F1Sprint pic.twitter.com/KQZgx4J8KF
— Formula 1 (@F1) July 9, 2022
„Утре (денес) е долгата трка, ќе треба повеќе да се грижиме за гумите отколку денес (вчера). Дефинитивно не можеме да си дозволиме утре повторно да се бориме еден со друг. Малку беше веројатно дека ќе победам, иако на крајот го стигнав Макс. Тој ги контролираше и гумите откако го изгради водството. Никогаш нема да знаеме што можеше да се случи“, изјави Леклер по вчерашната завршница во спринтот.