189
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, триумфираше на Големата награда на Австрија, 11-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Пилотот од Монако ја освои третата победа сезонава на „Ред Бул Ринг“, прва по третото коло во Австралија, а петта во кариерата.
Интересно е што тоа е негов прв триумф што го постигна без да стартува од пол-позицијата.
Леклер ја мина целта две секунди пред Макс Верстапен во болидот на Ред Бул, додека возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше на третото скалило на подиумот.