Министерот за вооружени сили на Франција, Себастиен Лекорну по завршувањето на средбата со министерката за одбрана на земјава, Славјанка Петровска денеска во Париз, на својот фејсбук профил објави порака за улогата на С. Македонија на Балканот.
„Придонесот на С. Македонија во НАТО и ЕУ е круцијален за стабилноста на Балканот“, објави министерот Лекорну на својата „Фејсбук“ страница.
Македонија и Француската Република денеска склучија Договор за одбранбена соработка, кој ќе овозможи развој на способностите на нашите вооружени сили и армиските капацитети, обука, тренинзи, како и поддршка и развој на одбранбената политика.
„Имаме исти предизвици, треба да најдеме заеднички решенија. Клучот за безбедна и просперитетна иднина на регионот е во демократизацијата и засилената европеизација на Западен Балкан“ истакна Петровска.