Актуелно
Почетна / Спорт / Ленард одбил да учи од Џејмс

Ленард одбил да учи од Џејмс

Каваи Ленард, актуелниот МВП на финалето на НБА, наводно одбил во 2008 година да учествува на кампот на Леброн Џејмс во Охајо.

Ленард во тоа време беше во средното училиште Мартин Лутер Кинг, забележуваше по 17,3 поени и 6,5 скокови и беше еден од најдобрите млади кошаркари во лигата.

Не многу млади кошаркари добиваат повици од најголемите sвезди, а со самото тоа, Ленард се наоѓал во одбрано друштво.

Сепак, Каваи одбил да учествува во кампот, а неговиот долгогодишен тренер Клинт Паркс објасни зошто.

„Го прашав Ленард зошто не сака, и тој одговори:„Затоа што играм вистинска кошарка“.

Значењето на оваа реченица е нејасно, но тој не бил заинтересиран да учи од Леброн Џејмс, кој во тоа време беше голема sвезда во лигата.

Џејмс и Ленард сега се едни од најголемите ривали, а оваа сезона тие добиваат уште поголема тежина бидејќи Леброн игра за Лејкерс и Каваи за Клиперси.

loading...