266
Французинот Клемент Ленгле и Бразилецот Дани Алвеш се позитивни на коронавирус, соопшти шпанскиот фудбалски гигант Барселона.
„Играчите се чувствуваат добро и се во самоизолација“, соопштија од каталонскиот клуб и додадоа дека нема да играат на следниот натпревар против Мајорка во недела на 2 јануари.
Францускиот дефанзивец е во Барселона од 2018 година кога пристигна од Севилја, додека неговиот бразилски колега пристигна на „Камп Ноу“ во ноември оваа година откако играше за Барса од 2008 до 2016 година.
Многу шпански фудбалски клубови пријавуваат инфекции во своите редови, а најлоша е ситуацијата во Реал Сосиедад, каде што дури десет негови членови моментално се во самоизолација.