Новото засилување на Тотенхем, Клемент Ленгле го даде своето прво интервју како играч на клубот. Во него тој ја изрази својата возбуда за неговиот трансфер и откри кои се неговите цели во следната сезона, која ќе ја помине со Спарс на позајмица од Барселона.
„Многу сум среќен што сум овде во овој град и во овој клуб. Зборував со семејството и пријателите за да ја донесам мојата одлука и сите зборови беа многу, многу добри за клубот. Прилично сум возбуден што ќе ја започнам сезоната со моите нови соиграчи, стадионот и градот. Сето ова ми е ново, но гладен сум. Сакам да играм и да бидам најдобар фудбалер за да му помогнам на тимот да освојува трофеи и да се бори во сите натпреварувања.Пред се, сакам да бидам добар соиграч и дефанзивец кој е силен, агресивен и му помага на тимот да ја освои топката. Многу е важно, пред се, да се биде добар дефанзивец, а потоа да се биде добар играч и да се помогне на тимот“, истакна тој.
Антонио Конте, продолжи тој, е тренер кој има освоено многу трофеи и има големо искуство.
„За мене е одлично да работам со него и да научам се што знае за фудбалот. Би сакал да играм многу натпревари и да победувам, бидејќи ако не играш и не победиш, не си среќен. Сакам да победувам на многу натпревари и да се борам за врвот на табелата. Тоа е сон, би сакал да освојам трофеј овде во Тотенхем“, изјави Ленгле за клупската телевизија.