Барселона испадна од Лигата на шампионите со вчерашниот пораз на гостувањето кај Баерн со 0:3 и европскиот пат ќе го продолжи во Лига Европа.
Рана елиминација на каталонскиот клуб од престижното клупско натпреварување не се случила 21 година, па разочарувањето во Барселона е големо. Еден детал од крајот на натпреварот дополнително го подгрева гневот на навивачите на клубот.
„Си заминувам лут. Ова е нашата реалност и јас сум лут поради тоа. Уште денеска започнува нова ера во клубот“, изјави тренерот Чави по натпреварот и влеа надеж кај навивачите на Барселона.
Тие прокоментираа поинакво расположение на самиот крај од средбата, односно моментот кога Клемент Ленгле беше снимен како се смее во друштво на Роберт Левандовски.
Тој е потенциран и од шпанските медиуми, па „Марка“ пишува: „Изгледа дека елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите не им пречеше на сите на ист начин. Потегот на Ленгле не соодветствува со расположението на неговиот тренер на крајот од мечот.